10 Години МНК СИН ШТИТ
На 26 октомври 2012 година во Безистенот при Заводот и музеј Штип, Здружението за заштита на културното наследство во опасност МНК Син штит го одбележа својот јубилеј – 10 години од основањето на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.
За десетгодишната работа и за активностите на МНК Син штит зборуваше проф. д-р Крсте Богоески, претседател на Комитетот во периодот од 2002 до 2012 година. Исто така, во рамките на јубилејот на МНК Син штит беа доделени благодарници за институции и за лица кои дале свој придонес во работата на Комитетот. Така, актуелниот претседател на Комитетот Доц. д-р Даворин Трпески им додели благодарници на: Музеи на Македонија, Завод и музеј Битола, Завод и музеј Штип, Завод и музеј Охрид, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи; потоа на Лидија Топузовска од Министерство за култура на Р. Македонија, на Крсте Богоески – прв претседател и основач на МНК Син штит, на Павлина Антанасова – еден од основачите на МНК Син штит, на Ѓурѓица Лековска – еден од основачите на МНК Син штит, на Бранислава Михајлова – еден од основачите на МНК Син штит, на Катерина Богоева – новинар во „Утрински весник“.
Во рамките на Јубилејот на МНК Син штит, исто така, беше промовиран и постерот „Младите и заштитата на културното наследство“, а во организација на Заводот и музеј Штип беше организирана посета на археолошкиот локалитет Баргала во близина на Штип.