Добродојдовте на веб порталот на МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ НА СИНИОТ ШТИT.

СИН ШТИТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА припаѓа на мрежата на национални комитети на Меѓународниот Син штит, кои работат на заштитата на културната сопственост во криза

СИН ШТИТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА е невладина организација основана и поддржана од УНЕСКО и воедно претставува еквивалент на Црвениот крст, а работи во делот на заштитата на културното наследство за време на опасност, вонредни состојби и војни

ФОРУМ: КРАЖБИ НА МУЗЕЈСКИ ПРЕДМЕТИ И НЕДОЗВОЛЕНА ТРГОВИЈА СО КУЛТУРНИ ДОБРА

На 07.10.2021 година Македонскиот национален комитет на Синиот штит во соработка со МНК ИКОМ, во просториите на Музејот на Старата Скопска чаршија во Сули ан, Скопје, го реализираше форумот „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културни добра“. Како воведничари на Форумот беа ангажирани м-р Перо Арџанлиев и јавниот обвинител Маја Коневска.

 

Повеќе


Промоција на Книга на Јован Ристов

На 29 септември 2021 година, во Даут пашиниот амам, Национална галерија, Скопје се одржа промоција на книгата „Правна заштита на македонското културно наследство – огледи за протекторската свест во постсоцијалистичкиот период“  на  Јован Ристов. Книгата е постхумно објавена од страна на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, како сублимат на дел од активностите на Јован Ристов во Синиот штит, каде што беше особено активен член од основањето на Здружението во 2002 година и прв Претседател на Собранието на МНК Син штит (2002-2005).

Повеќе


ФОРУМ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПРОТОКОЛ ОД ХАШКАТА КОНВЕНЦИЈА ОД 1954 ГОДИНА

На 29.11.2013 година Здружението за заштита на културното наследство во опасност МНК Син штит во ЛУ Музеј на град Скопје го реализираше форумот „Имплементација на Вториот протокол од Хашката конвенција од 1954 година“.

Повеќе


ФОРУМ: ЗАШТИТАТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО МУЗЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - СОСТОЈБИ И ИСКУСТВА

На 17.12.2012 година Здружението за заштита на културното наследство во опасност МНК Син штит во Кинотека на Македонија го реализираше форумот „Заштитата на културното наследство во музеите во Македонија – состојби и искуства“.

Повеќе


ФОРУМ: БИБЛИОТЕЧНОТО И КИНОТЕЧНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА - СОСТОЈБИ И ЗАШТИТА

Здружението за заштита на културното наследство во опасност МНК Син штит на 27.11.2012 година во Музејот на Македонија го реализираше форумот „Библиотечното и аудиовизуелното културно наследство во Македонија – состојби и заштита“.

Повеќе


10 Години МНК СИН ШТИТ

На 26 октомври 2012 година во Безистенот при Заводот и музеј Штип, Здружението за заштита на културното наследство во опасност МНК Син штит го одбележа својот јубилеј – 10 години од основањето на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.

повеќе